compensation for flight delays and cancelled flights
18934
page-template,page-template-full_width,page-template-full_width-php,page,page-id-18934,ajax_fade,page_not_loaded,,qode-child-theme-ver-1.0.0,qode-theme-ver-10.1.1,wpb-js-composer js-comp-ver-5.6,vc_responsive
 

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

FLIGHTCLAIM.MK

Што е FlightClaim.mk?

FlightClaim помага на патниците на авиокомпании, кои што биле засегнати од задоцнување или откажување на лет или на кои што им е оневозможен пристап во авионот. Врз основа на Европската регулатива обесштетување 261/2004 FlightClaim им помага на патниците да поднесат барање до соодветните авиокомпании, со кое што ќе ја изразат својата желба за обесштетување.

Зошто FlightClaim.mk?

FlightClaim е активен застапник за правата на патниците и ние го вложуваме целото наше искуство во таа услуга. FlightClaim изгради одлична репутација во сферата на услугите за наплата на валидни побарување и е експерт во таа област. Услугата FlightClaim е симбол на тоа искуство и го претвора обслужувањето во лесен и достапен процес за сите. FlightClaim може да понуди информативен совет за Вашиот лет врз база на податоците од соодветниот лет.

Одкаде ги обезбедува информациите FlightClaim?

FlightClaim ги користи податоците за соодветниот лет, собрани од комерцијални и јавни извори, од владите, аеродромите, авиокомпаниите како и од медиумите. Додатно, FlightClaim ги собира и податоците од комерцијалните авиокомпании (комуникациониот систем ACARS и сателитскиот систем ADS-B).

НАДВОРЕШНИ ОКОЛНОСТИ

Дали FlightClaim ги зема во предвид метеоролошките услови при анализирањето на летот?

FlightClaim има пристап до над 60 000 сигнали на час од аеродромските метеоролошки станици (METAR). Тие метеоролошки извештаи се конзистентни со барањата определени од Светската метеоролошка организација (СМО). FlightClaim има пристап до сите метеоролошки извештаи при анализа на соодветен лет.

Што се случува ако аеродромот е затворен поради штрајк, политички немири или др.?

FlightClaim собира и архивира стотици медиумски извештаи кои се однесуваат на штрајкови на контролорите на летови, политички немири и времено затварање на аеродромите. Таа информација се користи при анализирање на летот.

Кога FlightClaim дадена ситуација ја смета за непредвидлива околност?

FlightClaim комбинира податоци за летот, метеоролошки прогнози и извештаи, за да се процени дали даден лет спаѓа во рамките на Регулативата 261/2004. Врз основа на тие опширни информации FlightClaim може брзо да процени дали дадена ситуација може да се смета за непредвидлива околност. Авиокомпаниите не се должни да платат финансиска компензација во случај на непредвидливи околности и FlightClaim нема да го превземе таквото барање со договор за „резултатен хонорар“.

ТРОШОЦИ

Што означува „резултатен хонорар“?

FlightClaim работи на основа на „резултатен хонорар“. Тоа значи дека ќе платите провизија само во случај кога барањето за обесштетување е успешно. Вие ќе добиете 75% од сумата на обесштетувањето, минус 25 евра за административни трошоци по патник. Ако не успееме да Ви обезбедиме обесштетување, не е потребно ништо да платите.

Не ја добивам опцијата „резултатен хонорар“. Зошто?

Може да има неколку причини за ова. Ако летот не припаѓа во опфатот на Европската Регулатива 261/2004, не можеме да Ви помогнеме. На пример, лет изведен од авиокомпанија регистрирана надвор од рамките на ЕУ, летајќи кон ЕУ, не припаѓа во опфатот на Регулативата. Возможно е FlightClaim да не може да побара обесштетување од авиокомпанијата, поради тоа што истата нема свои канцеларии во Европската унија. Возможно е исто така врз основа на проверката на летот во нашата база на податоци, да сметаме дека имало непредвидлива околност која што довела до соодветно нарушување при Вашиот лет. Ако сакате сепак да продолжите со барањето за обесштетување, ќе треба истото да го поднесете директно према авиокомпанијата.

Која е Вашата цена?

FlightClaim работи на принципот „резултатен хонорар“. Тоа значи дека ќе платите провизија само во случај кога барањето за обесштетување е успешно. Вие ќе добиете 75% од износот на обесштетувањето, минус 25 евра за административни трошоци по патник. Ако не успееме да Ви го наплатиме обесштетувањето, не е потребно ништо да ни платите.

Има ли дополнителни правни трошоци, ако се јави потреба FlightClaim да иницира судски процес?

Нема никакви дополнителни трошоци доколку се јави потреба FlightClaim да се обрати до судот од Ваше име. Во случај да успееме да го добиеме случајот, Вие ќе добиете 75% од сумата на обесштетувањето, минус 25 евра за административни трошоци по патник. Ако го изгубиме случајот, Вие ќе треба да платите само 25 евра за административни трошоци по патник.

ДОКУМЕНТИ

Какви документи ми се потребни за да побарам обесштетување?

FlightClaim.mk има потреба од неколку документи од патувањето пред да може да го обработи Вашето барање. Можете да ги закачите неопходните документи додека го поднесувате Вашето барање. Имаме потреба од копија на следните документи: – Потврда на резервација; – (електронски) Билет; – Бординг карта.

Зашто треба да испратам копија од мојот пасош?

Ние бараме копија од Вашиот пасош, за да можеме да го потврдиме името во барањето и потписот на полномошното. Дополнително некои авиокомпани бараат копија пред да започнат проверка по поднесено барање. Ако е необходно да се заведе судски процес во Ваше име, ќе можеме да докажеме пред судот дека Вие лично сте доставиле полномошно на FlightClaim.mk да Ве претстаува во дадениот случај. FlightClaim.mk е обврзан од Законот за заштита на личните податоци и Вашите документи нема да се предадат на трета страна.

Како да ја испратам документацијата до FlightClaim.mk?

За да можеме што е можно најбрзо да го разгледаме Вашето барање, преферираме било која документација да ни биде доставена по електронски пат. Можете да прикачите документи кон барањето и Вашето онлајн досие. Ако не сте во состојба да го направите тоа, можете да ги испратите документите и по електронска пошта на officemk@flightclaimeu.com. Сите документи ќе бидат додадени на Вашето онлајн досие.

ВАШЕТО БАРАЊЕ ЗА ОБЕСШТЕТУВАЊЕ

Билетот беше набавен од мојата компанија. Дали имам право на обесштетување?

Да, право на обештетување има патникот кој има валидна бординг карта, без разлика на тоа кој платил за билетот, дали физичко или правно лице.

Патував со чартер лет кој беше откажан/задоцнет. Дали можам да поднесам барање за обесштетување?

Да, а исто и кога друг авиопревозник во име на соодветниот го превзема летот.

Мојот прв лет доцнеше помалку од 3 часа, но ја пропуштив мојата конекција и пристигнав на конечната дестинација со поголемо задоцнување од 3 часа. Дали во ваков случај можете да ми помогнете?

Да, правото на обештетување е двојно за патниците кои полетуваат од аеродром со задоцнување исто како и оние кои пристигнуваат со летот со задоцнување.

Кога летот ми беше откажан/одложен, ми беше понудено сместување во хотел и бев пренасочен на друг лет. Дали имам право на обесштетување во овој случај?

Да, правото на обештетување следи заедно со правото на грижа понудена бесплатно од авионскиот превозник

Резервирав авионски билет, но задоцнувањето/откажувањето на летот беше поради авионски превозник кој го организираше летот тој ден. Можам ли да побарам обесштетување?

Да, исто е за секој авионски превозник кој оперира во името на друг кој пак има договор со патникот.

Дали FlightCaim дава гаранции дека ќе го наплати Вашето обесштетување?

FlightClaim.mk не гарантира дека ќе го добиете обесштетувањето. Но и покрај тоа Вие можете во секое време да побарате од FlightClaim.mk мислење како е најдобро да се продолжи во случај кога ќе се наиде на потешкотии во наплата на Вашата штета.

Колку време трае процесот за поднесување на барање за обесштетување?

По прегледување на Вашето барање, креираме он-лајн досие за Вас и го поднесуваме барањето кон соодветната авиокомпанија. Праксата ни е да и дозволиме на авиокомпанијата рок од 30 дена за да одговори, а потоа доколку нема позитивен одговор ја разгледуваме можноста за започнување на судски процес. За жал не е возможно да се предвиди колку време ќе трае целиот процес. Ние се стремиме да имаме решение во рамките на шест месеца од датата на поднесување на барањето, но не можеме да дадеме никакви гаранции. Возможно е правната процедура да трае и неколку години. За целото времетраење на процесот ќе бидете редовно информирани за неговиот тек.

Има ли некакво временско ограничување за моето барање за обесштетување?

Во Европската унија има ограничување од шест години за побарувања, кои што припаѓаат во опфатот на Регулативата 261/2004. Тоа значи дека барањето треба да биде поднесено до судот во рамките на шест години од датата на соодветниот лет. Во однос на FlightClaim имате рок до пет години од датата на летот да поднесете барање, затоа што имаме потреба од време за да се подготвиме за конкретниот случај и да стапиме во контакт со соодветната авиокомпанија.

Како ќе ме известувате за статусот на моето барање?

Ние ќе Ве известуваме редовно за статусот на Вашето барање за целовреметраење на обработката на истото. Тоа може да биде по електронски пат или по телефон.

Зошто не добивам одговор од FlightClaim.mk?

Провајдерите на електронски пошти, како на пример Gmail и Hotmail, понекогаш ги сметаат нашите пораки за спам. Ве молиме проверете ги сите фолдери во Вашата електронска пошта и означете дека нашите пораки се безбедни. После тоа ќе ги добиете сите наши пораки.

Што доколку авиокомпанијата се обрати директно до мене?

Ако сте го поднеле барањето преку FlightClaim.mk и од авиокомпанијата се поврзат со Вас, треба веднаш да не известите. Можете да не контактирате преку вебсајтот или преку електронската пошта. Возможно е FlightClaim.mk веќе да започнал правна процедура против авиокомпанијата од Ваше име и последователно да ги има покриено трошоците за истото. Кога авиокомпанијата ќе Ви плати обесштетување, ние ќе Ви пратиме фактура за трошоците кои што сме ги направиле, во согласност со член 6.7 од нашите Правила и услови. Ве молиме секогаш контактирајте со FlightClaim.mk, кога ќе Ве контактираат од соодветната авиокомпанија, пред да прифатите било каква понуда.

Можам ли да поднесам барање во името на бебе?

Ако сте патувале со бебе и не сте платиле билет за него, тогаш не е возможно да поднесете барање за негово обесштетување. Патниците кои патуваат бесплатно (често деца под 2-годишна возраст) или со намалување, кое што не е достапно за широката маса, не можат да поднесат барање за обесштетување согласно Регулативата 261/2004.

ПОЛНОМОШНО

Како да пополнам полномошно?

Ве молиме испечатете копија од полномошното посебно за секој патник од барањето. Секој возрасен треба да го потпише сопственото полномошно (страница 1) со хемиско пенкало. Полномошното не дава можност за електронски потпис. Ако има малолетни деца во барањето, родителите или старателите на детето треба да се потпишат на првата и втората страница на полномошното и да ги пополнат податоците за детето. Секое полномошно е специфично за соодветно барање и може да се користи само за тоа конкретно барање.

Зашто е потребно полномошно?

Ние имаме потреба од полномошно поединечно од секој патник од барањето за да можеме законски да Ве представиме во судот против авиокомпанијата.

Зашто треба да пополнам полномошно за моето малолетно дете?

Барањето врз основа на Регулативата 261/2004 е индивидуално право на секој патник. Со тоа полномошно ние ќе можеме да го застапуваме Вашето дете во судот против авиокомпанијата.

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Што се случува со моите лични информации?

FlightClaim.mk ги третира Вашите лични информации како строго доверливи и во никој случај без Ваша дозвола нема да ги предаде на трета страна. За повеќе информации Ве молиме прегледајте ја нашата декларација за доверливост.

Како да ја променам мојата електронска пошта (e-mail)?

Ве молиме барањето за промена на електронска пошта доставете го на office@FlightClaim.mk. Ве молиме посочете ги старата и новата електронска пошта и ние ќе можеме да ги направиме соодветните промени во Вашето досие.

Како да ги доставам податоците за мојата банкарска сметка?

Можете да ги додадете податоците за својата банкарска сметка директно во вашето онлајн досие. Одкако ќе се логирате на нашиот вебсајт, можете да кликнете на „Податоци за банкарска сметка“ и да ги внесете сите неопходни податоци. Ве молиме пополнете го и Вашиот меѓународен број на банкарска сметка (IBAN). Тоа е меѓународна верзија на бројот на вашата лична трансакциска сметка. Тие податоци можат да Ви бидат доставени од Вашата банка. Не можете да ги испратите Вашите податоци за сметката преку електронска пошта, чет во живо, телефон или факс.

ФИНАНСИСКА КОМПЕНЗАЦИЈА

Зошто добив само 50% од сумата за обесштетување?

Како што е посочено во пресудата “Sturgeon”, патниците кои патуваат на разстојание поголемо од 3500 километри, а кои што пристигаат на крајната дестинација со задоцнување поголемо од три часа, но помало од четири часа, имаат право на 50% од финансиската компензација. Авиокомпанијата доставила доказ дека времето на пристигнување било помало од четири часа.

Кога ќе ја добијам сумата од обесштетувањето?

Веднаш штом ја добиеме финансиската компензација ние ќе Ви испратиме електронска пошта со фактура. Одкако ќе ги доставите Вашите банкарски податоци во Вашето онлајн досие, нашиот административен оддел ќе ја изврши уплатата на 15-тиот или 30-тиот ден од месецот. Ве молиме уверете се дека податоците за Вашата сметка се правилно пополнети во Вашето онлајн досие.

РЕГУЛАТИВА

Што е ЕК Регулатива 261/2004?

ЕК Регулативата 261/2004 е основен елемент од европското законодавство, кое што беше креирано за да се гарантираат правата на патниците на авионскиот сообраќај и истите да бидат заштитени во случај на откажување или долго закаснување на лет како и при оневозможување на пристап во авионот. Регулативата важи за сите летови кои полетуваат од земја од Европската Унија, како и сите летови кои пристигаат во земја од Европската Унија, ако соодветната авиокомпанија е регистрирана во ЕУ.

Што претставува конвенцијата од Монтреал?

Конвенцијата од Монтреал е меѓународен договор, кој што покрај другото ги определува одговорностите на авиокомпаниите, во случај на штета која се должи на задоцнување или оштетување на багаж. Во случај на закаснување, дадената авиокомпанија може да сноси одговорност за предизвиканите штети (кои што треба да бидат докажани) од патникот.

CCN

Кој е CCN?

CCN е европска компанија, која нуди услуги во областа на управување со барањата за надомест на штета. FlightClaim.mk е трговска марка на CCN. CCN ќе може да заведе судски процес во Ваше име доколку авиокомпанијата не реагира адекватно на Вашето барање. За време на целиот процес Вие останувате клиент на FlightClaim.

Дали FlightClaim.mk ќе ми наплати било каков трошок, ако е неопходно да се заведе судски спор?

Не, ние ќе ги превземеме сите трошоци за водење на судскиот процес и ќе организирме да има претставник на сослушувањата. Ако Вашето дело не е успешно нема да треба да платите ништо. Под услов спорот да заврши во Ваша корист, Вие ќе добиете 75% от сумата на обесштетувањето минус 25 евра такса за административни разходи.

Дали за секоја штета FlightClaim.mk поднесува тужба?

FlightClaim.mk и CCN ќе поднесат тужба само доколку сметаме дека има шанса за позитивен резултат. Соодветното барање секогаш најпрво се доставува до авиокомпанијата. Во зависност на одговорот од страна на авиокомпанијата нашиот правен оддел ќе ја истражи штетата дополнително. Не сме задолжени да поднесеме тужба за секое оштетно побарување.