Сакаме да се осигураме дека патниците во авионскиот сообраќај ги знаат своите права и да обезбедиме, брз, ефикасен и неризичен сервис кој е достапен за сите патници кои имаат право на надомест. FlightClaim ќе биде “Портата” помеѓу Регулацијата и Компензацијата.
FlightClaim изготвува успешни побарувања за обесштетување на патници, засегнати од задоцнети или откажани летови. Ако е неопходно, ние се обраќаме и до соодветниот суд за секој клиент со валидно побарување за обесштетување, а за таа услуга не наплаќаме никаков дополнителен трошок, се додека не го добиеме случајот. Ние работиме со едноставна наплата на провизија, која што ќе биде побарана само доколку оштетното побарување е наплатено.
Ако имате право да добиете обесштетување за лет, секогаш кога е неопходно ќе се обратиме на судот, за да се увериме дека ќе го добиете обесштетувањето.
FlightClaim работи со екипа од правни експерти и професионалци, што ни овозможува да го забрзаме процесот. Ние ги превземаме сите правни трошоци – вклучително и судските трошоци – и ќе земеме провизија само ако пресудата е во Ваша корист и добиете обесштетување.
FlightClaimEU е дел од CCN Aviation, Европски TPA обработувач на штети. Вo основата CCN е стремеж за вовед на иновации во концептот за услужување на клиенти, истовремено помагајќи на компаниите да ги надминат предизвиците пред кои се исправени.
Во постојано променливиот свет, клиентите очекуваат нови иновативни услуги во патничкиот сектор со брз и лесен пристап до технолошки решенија и лесни начини за поднесување на барање, следење на текот на барањето, комуникација за статусот на барањето како и одбегнување на непотребни трошоци, задоцнувања и лошо опслужување. Филозофијата на CCN е да помогне на клиентите преку контрола и намалување на вкупните трошоци на штетите, преку платформа која овозможува брза, лесна и едноставна обработка на оштетни побарувања.
CCN обработува меѓународни штети во рамките на Европската Унија и надвор од неа.