Во случај на задоцнет лет, пребукиран или откажан лет и доколку Вие за три часа или повеќе задоцнето пристигнете до Вашата дестинација? Согласно Регулативата 261/2004 возможно е да имате право на надомест за загубеното време. Овие износи за обесштетување варираат од 250 евра до 600 евра по патник!
Доколку полетувате од аеродром во ЕУ со било која авиокомпанија, или пак слетувате во ЕУ со било која европска авиокомпанија (вклучувајќи ги тука и Норвешка, Исланд и Швајцарија), Вие имате право на грижа и надомест согласно ЕУ Регулативата 261/2004 за задоцнето време на слетување подолго од два часа. Авиокомпанијата е должна да Ви обезбеди храна и пијалок адекватен на соодветното време од денот (ова најчесто е во форма на ваучер) како и средство за комуникација во врска со Вашето задоцнување или рефундација на трошок за неопходен повик. Во случај на преноќување поради задоцнување, авиокомпанијата е должна да обезбеди хотелско сместување и транспорт до него или пак до домот доколку слета на друго место. Кога има големи проблеми, авионскиот екипаж може да не биде во можност да Ви асистира за резервација на хотел.
Се работи за непредвидливи околности, кога авионската компанија не е виновна за задоцнетиот односно откажаниот лет. Еве неколку примери на околности кои можат да се сметаат за непредвидливи:
Бури, грмотевици, поројни дождови, а исто така и густи облаци кои што можат да попречат на авионскиот сообраќај. Во случај на лошо време најчесто се засегнати многу летови кои полетуваат од еден ист аеродром.
Секаков вид на штрајкови, независно дали се на трети страни или на персоналот на авиокомпанијата, се сметаат за непредвидливи околности.
Доколку некој патник се почувствува лошо за време на летот и летот треба да биде пренасочен за итно слетување на најблискиот аеродром, немате право на обесштeување за задоцнувањето.
Во случај на терористички напад исто така станува збор за „непредвидливи околности“.
Непредвидливи околности и “околности кои што не се по вина на авиокомпанијата“ често се мешаат едно со друго. Технички дефект може да се појави неочекувано. На пример, дупната гума. Авиокомпанијата е одговорна за одржувањето на авионот и многу технички грешки можат на тој начин навремено да бидат одстранети. Техничките дефекти, кои што водат до задоцнување подолго од три часа, не се сметаат за непредвидливи и Вие имате право да поднесете барање за обесштетување. Подолу ќе Ви посочиме некои примери за ситуации, во кои што авиокомпаниите немаат право да се повикаат на непредвидливи околности.
За жал техничките дефекти се честа појава во воздухопловството. Авиокомпаниите се одговорни за одржувањето на своите воздухоплловни средства и за преаранжирање на летот во краток рок. Патниците имаат право на обесштетување, во случај кога техничките дефекти ќе доведат до задоцнување подолго од три часа.
Зборот „претходен“ објаснува се. Задоцнувањето поради лошо време при претходен лет (освен при определени околности) нема никаква врска со Вашиот сегашен лет. Тоа ли е причината која Ви е посочена за долгото задоцнување? Во тој случај Вие имате право на обесштетување.
Боледувањето на екипажот е ризик кој што е возможен кај секој бизнис. Авиокомпанијата е одговорна за обезбедување на спремен екипаж. Тоа исто така не може да се смета за непредвидлива околност.
Доколку авиокомпанијата е одговорна за задоцнувањето, имате право на обесштетување. Износот на обесштетување се пресметува врз основа на рутата на летот, а не врз основа на цената на летот.
€ 250 компензација за задоцнување на лет до 1,500 km
€ 400 компензација за задоцнување на лет преку 1,500 km
€ 250 компензација за задоцнување на лет до 1,500 km
€ 400 компензација за задоцнување на лет преку 1,500 km а до 3,500 km
€ 600 компензација за задоцнување на лет преку 3,500 km
Ние Ви нудиме брз, лесен и сигурен начин за поднесување на барање за обесштетување кое Ви следи. Ние ќе се погрижиме за секој чекор од процесот, со што Ве спасуваме од невозможната задача на собирање на сите податоци, како и пополнување на сложени документи. Нашиот процес е полесен и поефективен од директното побарување на обесштетување од авиокомпаниите или преку органот за цивилна авијација (САА).
За да можете да поднесете барање неопходни Ви се правни познавања и широк спектар на информации. Тоа се информации до кои што веројатно ниту Вие, ниту Вашиот адвокат имате пристап. Ние имаме пристап до поголема база на податоци, која што секој ден оценува над 13 милиони податоци за летови, метеоролошки услови и општествено-политички состојби. Со помошта на тие информации можеме да провериме дали имате право на обесштетување или дали дадена авиокомпанија наистина има право да се повика на „непредвидливи околности“.
Ние работиме за Вас на основа на „резултатен хонорар“ и ги претставуваме Вашите интереси како патник во авионскиот сообраќај пред соодветната авиокомпанија. Дури и ако Вашиот случај продолжи да се разгледува на суд, нема да Ви се наплатат никакви адвокатски или судски трошоци. Нема ризик и преку нашите услуги можете единствено да заработите пари. Вие ни плаќате надомест само ако го наплатиме Вашето побарување во износ од 25% со вклучен ДДВ, како и такса за обработка со фиксиран износ од 25 евра со вклучен ДДВ, за секое побарување.