Во прилог можете да ги најдете Општите Правила и Услови на FlightClaim.
Член 1: Дефиниции
Барање: барање од тужителот врз основа на Регулативата 261/2004, по можност во комбинација со барање врз основа на Конвенцијата за изедначување на одредени правила за меѓународен превоз по воздушен пат од 1999 година (Конвенцијата од Монтреал). За избегнување на сомнеж, освен ако поинаку не е договорено во писмена форма и независно дали или не не известува за други можни барања за оштетување и загуба, FlightClaim ќе преземе активности само во врска со тврдењата за одложување на летот во рамките на значењето на горенаведените правила и прописите.
Барател: секое физичко лице како што е посочено од клиентот, кое побарува оштета.
Должник: страната која има финансиска должност кон клиентот.
Оддел: дел од FlightClaim, воспоставен во соодветната земја во која работи. Во моментот FlightClaim работи во сите земји од ЕУ.
FlightClaim:приватно друштво со ограничена одговорност CCN B.V., со седиште и основно место на дејност во Амстердам, Холандија.
FlightClaim.ro: Интернет сајтот на FlightClaim, кој што им предлага на патниците на авиокомпаниите различни опции за запазување на нивните права, врз основа на Регулативата 261/2004 и евентуално врз основа на Конвенцијата од Монтреал.
FOP: Пакет за набљудување на летови /FOP – Flight Observation Pack/, содржи (ако има такви) соодветни податоци за летот, авионот, податоци од новините и податоци за метеоролошките услови за конкретен лет и одредена дата.
„Резултатен хонорар”: трошокот на клиентот и/или оштетените во зависност од постигнатиот резултат. Ако не биде постигнат позитивен резултат, не се наплаќаат трошоци за услугите кои што се договорени на основа на „резултатен хонорар”. Тоа важи само доколку е изрично посочено
.Клиент: секое физичко и/или правно лице, негов/нејзин представник/представници, авторизиран(и) агент(и), старател(и) и/или наследник(ци), кои што склучиле договор со FlightClaim или кои што дале инструкции на FlightClaim од името на клиентот. Клиентот е и лицето за контакт
Договор: Договорот на којшто клиентот се обврзува со приемањето на овие Општи Правила и Услови.
Биро за поврат на средства: бирото преку кое што барањето може да биде предадено на FlightClaim.
Flight Claim: сервис, преку кој што барањето може да биде предадено на FlightClaim.
www.flightclaim.ro: Интернет сајт на FlightClaim, кој што им нуди на патниците на авиокомпаниите различни опции за запазување на нивните права, врз основа на Регулативата 261/2004.
Член 2: Општи услови
Овие Општи услови се приложуваат кон и се неразделлив дел од секоја понуда и договор помеѓу FlightClaim и клиентот и/или оштетениот, доколку условите не се изрично изменети преку договор во писмена форма помеѓу страните.
Овие Општи услови ги исклучуваат сите други услови. Другите услови се составен дел од договорот склучен со FlightClaim, ако и само ако тоа е изрично договорено во писмена форма.
FlightClaim има право во секое време да направи промена во овие Општи услови, со исклучок на одредбите предвидени во Член 6:236, Подчлен I на Холандскиот граѓански кодекс.
Ако една или повеќе одредби на овие Општи услови се покаже дека се неважечки, невалидни или необврзувачки, останатите одредби од овие општи услови остануваат во сила. FlightClaim има право да ги замени неважечките, невалидните и необврзувачките одредби со одредби кои што не се неважечки, невалидни или необврзувачки и такви, кои што со оглед на предметот и целите на овие Општи услови се доближуваат што е можно најпрецизно до променетите неважечки, невалидни или необврзувачки одредби.
Во услови во кои при исполнување на договореното FlightClaim користи посредник/посредници и/или трета/и/ страна/и/, овие Општи услови се применуваат и за тие посредници или трети страни.
Член 3: Договори
Сите понуди, направени под каква и да било форма, не создаваат задолженија и служат едноставно како покана за склучување на договор, освен ако FlightClaim не востанови друго.
Договорот се склучува само во случај кога тоа е потврдено од FlightClaim во писмена форма, преку електронска пошта или на каков и да е друг начин, или кога FlightClaim ќе го исполни договорот.
Склучувајќи договор со FlightClaim клиентот декларира, дека тој/таа има право да го склучи тој договор или да достави инструкции во име на оштетен(ите).
FlightClaim има право да реши да не склучува договор или да откаже таков на клиент и/или оштетен(и), без да ги посочи причините. Во тој случај, FlightClaim ќе го извести клиентот за тоа што е можно најбрзо.
FlightClaim го задржува правото да го прекрати договорот или дел од него врз основа на Конвенцијата од Монтреал, во случај на ситуација која што не дозволува правилно исполнување на договореното, ситуаија која што ја прави врската со клиентот неодржлива или по своја сопствена процена.
FlightClaim го задржува правото да го изврши секој договор што е склучен врз основа на понудата без никаков надомест ако не го добие предметот, во целост по сопствено наоѓање, а позитивен резултат никогаш не може да гарантира. FlightClaim разумно ќе се труди да го изврши договорот користејќи го најдоброто од своето знаење и способност.
Ако FlightClaim се договори за фиксна провизија (која што зависи од процентите, посочени во Член 5 од овие Правила и Услови) или фиксна цена со клиентот, FlightClaim има право во секое време да ја зголеми таа провизија или цена, сметано од три месеци по склучувањето на тој договор. Ако зголемувањето на цената произлага од законско задолжување, FlightClaim исто така има право да ја зголеми таа провизија или цена во рамките на тој тримесечен период.
Ако во даден момент клиентот реши да прекине дадена инструкција или да го прекрати договорот по веќе исполнета договорна работа или одкако FlightClaim или некои од партнерите (ангажирани от FlightClaim) започнал судски процес, FlightClaim има право да му наплати на клиенот и/или оштетениот(те) „резултатен хонорар”, административни трошоци (во согласност со член 5 од овие Правила и Услови), како и судски трошоци. Во случај кога FlightClaim започнал судски процес, под „направени (процесни) трошоци” се подразбираат не само судски такси, трошоци за услуга, трошоци за друго овластено лице, вонредни трошоци од прекин на постапка, такси за ополномоштен представник, дополнителни такси и други направени трошоци. Во случај на фактурирање од FlightClaim клиентот е должен да изврши плаќање на должната сума во рок од 14 дена, сметано од датата на фактурата.
Договорот, вклучувајќи набавка на некои од продуктите на FlightClaim преку интернет, ќе се реализираат по добивањето на договорената сума.
Склучувајќи договор со FlightClaim, клиентот, од името на оштетениот(те), посочен(и) од него, го ополномоштува FlightClaim да ги превземе сите дејности (собирање), кои што согласно мислењето на FlightClaim се неопходни и/или нужни, вклучително (но не само) извршување на непредвидено заведување на споро, потпишување на вонсудски спогодби, ангажирање на агенции за наплата на долгови, адвокати и/или извршители.
Ако и доколку FlightClaim смета дека е неопходно, FlightClaim ќе има право да го префрли барањето на друг оддел или на (друга) трета страна (страни) и/или посредник(ци). По аналогија, FlightClaim има право да го корегира првично договорениот резултатен хонорар како и договорените административни трошоци, во согласност со приложениот договорен процент со соодветниот оддел.
Член 4: Должности на клиентот
Клиентот е должен да му ги достави на FlightClaim.mk сите неопходни податоци или информации навремено или одкако ќе го поднесе барањето кон FlightClaim.mk по барање на последниот. Доставените податоци и информации треба да бидат веродостојни. Во случај кога должникот ќе плати финансиска компензација директно кај клиентот и/или оштетениот(те) или покаже намера да го направи тоа, клиентот е должен да го информира FlightClaim што е можно најбрзо. Во секој поединечен случај клиентот треба целосно да соработува со цел да се осигура успешно завршување на штетата.
Клиентот е одговорен за доставување до FlightClaim.mk на активна електронска пошта. FlightClaim.mk на никаков начин не сноси одговорност, ако предадената информација е неправилна. Целата комуникација ќе се остварува преку онлајн досието или преку електронската пошта на клиентот, доставена до FlightClaim.
Клиентот е одговорен за доставата на правилен број на банкарска сметка (IBAN и/или BIC), каде ќе треба да се префрлат (можните) парични средства од обесштетувањето. FlightClaim.mk на никаков начин не сноси одговорност ако доставената информација е неправилна.
Во случај кога FlightClaim.mk префрла средства на клиентот преку PayPal, клиентот е одговорен за достава на правилен PayPal и правилна електронска пошта. FlightClaim на никаков начин не сноси одговорност ако доставената информација е неправилна.
FlightClaim.mk нема да се поколеба да ги пријави сите неправилно или неточно поднесени податоци/информации, како и случаи на измама, независно од начинот на кој што се извршени. Провизија ќе се наплати и од оштетениот(те), како што е посочено во Член 3.8 и Член 5 од овие Општи услови.
Клиентот ќе го обесштети FlightClaim поради одговорност во однос на сите побарувања на трети лица како резултат на доставени неточни тврдења од клиентот и/или податоци/информации и/или извршени од него дејствија на измама.
Клиентот или оштетениот немаат право да контактираат директно со авиокомпаниите.
Член 5: Провизија
Сите суми или цени на FlightClaim се наведени во евра со вклучен ДДВ, освен ако не е посочено изрично друго во писмена форма.
Резултатниот хонорар е 25% од полната (барана) сума, на која што клиентот и/или оштетениот(те) имаат право врз основа на член 7 од Регулативата обесштетување 261/2004. Треба да се напомене дека размерот на резултатниот хонорар може да се разликува. Горенаведеното исто така може да значи дека ако поради процесно-економско оправдани причини, даденото барање треба да биде обработено од друг оддел, провизијата може да се промени. Клиентот ќе биде задолжен со резултатен хонорар, ако должникот изврши плаќање кон FlightClaim.mk, директно кон клиентот, кон оштетениот(те), кон Осигурувачот или кон било која друга, трета страна/страни врз основа на Регулативата 261/2004 или Конвенцијата од Монтреал. Резултативниот хонорар се наплаќа исто и во случај на ситуацијата опишана во Член 3, параграф 8 од овие Општи услови.
Како дополнување кон одредбите посочени во предходниот параграф, клиентот ќе се задолжи со по 25 евра административни трошоци на оштетен. Треба да се напомене дека административните трошоци може да се разликуваат.
Ако се поднесе барање за обесштетување врз основа на Конвенцијата од Монтреал, ќе се задолжи резултатен хонорар во износ од 25%, при услови кога барањето (како што е посочено во Член 1, параграф 6 од овие Правила и Услови) исто така е поднесено од клиентот и/или оштетениот(те) .
Веднаш одкако FlightClaim ќе го прими барањето се формира договор помеѓу FlightClaim, клиентот и оштетениот(те). Од тој момент натака, FlightClaim има право да пресметува на должникот законска камата и останати трошоци направени од FlightClaim.mk, вклучително (но не само), (дополнителни) судски трошоци (собрани), трошоци за услуги, трошоци за судски извршители, хонорари на овластени претставници, дополнителни такси и други трошоци. Овие трошоци, во случај на плаќање од страна на должникот, сте должни целосно да ги префрлите на FlightClaim.mk. Ако клиентот и/или барателот/(и) одлучи/(ат) за повлекување на барањето, FlightClaim.mk ќе има право да ги наплати трошоците опишани претходно (во согласност со износите наведени во ставовите 2 и 3).
Сите банкарски или трансакциски трошоци, поврзани со меѓународни плаќања на должни суми на клиент и/или оштетен(и) ќе бидат задолжени кон клиентот и/или оштетениот(те).
Член 6: Плаќање и примање на средства
Плаќање (ако е применливо) може да се изврши на (еден од) начините, посочени за време на процесот на правење на порачка. Тоа плаќање треба да биде направено на време на или непосредно по склучување на договорот.
FlightClaim.mk има право да го сопре или да го прекрати исполнувањето на договорот и произлезените од него одредби, ако клиентот и/или оштетениот(те) е/се во задоцнување по однос на било кое плаќање или обврска од нивна страна.
Сите средства примени од FlightClaim.mk за или во име на клиентот и/или оштетениот(те), ќе бидат депонирани на банкарската сметка на FlightClaim.mk.
Плаќањата, извршени од должникот према FlightClaim.mk или директно на клиентот и/или оштетениот(те), како и (правни трошоци) за Осигурувач или трети страни, се сметаат за извршена наплата. Првото кое што треба да се плати по тоа е: резултатен хонорар, административни трошоци, (дополнителни) судски трошоци (собрани), законска камата, судски такси, трошоци за обработка, трошоци за извршител, такси (дополнителни) за ополномоштен представник и други (реално) направени трошоци. Тие средства без задоцнување треба да се префрлат на FlightClaim.mk.
Плаќањата извршени од должникот врз основа на Регулативата обесштетување 261/2004 и/или Конвенцијата од Монтреал до Осигурувач или до трето лице(а) или директно до клиентот и/или оштетениот(те), треба веднаш да бидат префрлени на FlightClaim.mk. Во рок од 7 дена од датата на прием на средствата од страна на клиентот, оштетениот(те), осигуреникот или трета страна(и), резултативниот хонорар, административните трошоци, законоските камати, побарани од FlightClaim.mk, како и (реално) направените трошоци, а имено: (дополнителни) судски трошоци (собрани), судски такси, трошоци за услуга, трошоци за извршител, такси за ополномоштен представник, дополнителни такси и други направени трошоци, треба да бидат платени на FlightClaim.mk. Во случај кога клиентот и/или оштетениот(те) не направат така, FlightClaim.mk ќе го задолжи клиентот и/или оштетениот(те) со сите трошоци вклучени при наплата на обесштетувањето, како што е посочено во првата одредба на овој параграф.
Ако должникот му предложи на клиентот и/или оштетениот(те), осигурувачот или трета страна(и), компензација место плаќање, под формата на билети или ваучери, клиентот и/или оштетен(ите), Осигурувачот или третата страна(и) имаат право да го прифатат тоа (со изклучок на случаите, посочени во Член 5.7). Клиентот и/или оштетениот(те) се должни веднаш да го информираат FlightClaim.mk во случај на прифаќање на таков предлог. Во таков случај, клиентот и/или оштетениот(те) се должни да ги вратат на FlightClaim.mk должните трошоци, како што е посочено во Член 5 од овие Општи услови. Во тој случај се применува Член 3.8 од овие Правила и Услови.
Во случај кога FlightClaim.mk веќе започнал судски процес во името на клиентот и/или оштетениот(те), клиентот и/или оштетениот(те) нема да располагат со можност да го прекинат барањето без да платат, да го прекратат договорот или да го прифатат предлогот за договор со должникот. Ако клиентот и/или оштетениот(те) изберат да прифатат предлог за спогодба, да го прекратат договорот или да го откажат барањето без да имаат добиено изрично претходно писмено одобрение за тоа, тогаш тие ќе должат плаќање на трошоците, посочени во Член 3.8 од овие Правила и Услови, кои што се применуваат во тој случај.
Во случај, кога клиентот и/или оштетениот(те) се во закаснување на плаќање према FlightClaim.mk, FlightClaim.mk ќе пресмета камата за клиентот и/или оштетениот(те) за сите трошоци вклучени во наплатата на тоа плаќане.
Износот должен према клиентот и/или оштетениот(те) – при услови кога средствата се наплатени – ќе бидат платени од FlightClaim.mk на клиентот во рамките на 30 дена по добивање на средствата од FlightClaim.mk, при што ќе се запазат одредбите на Членовите 5 и 6 од овие Правила и Услови. Плаќањата ќе се извршаат на банкаркса сметка или PayPal адреса, претходно доставени на FlightClaim.mk.
Износот должен према клиентот и/или оштетениот(те) ќе остане на сметката за патникот во FlightClaim.mk за максимален период од една година. Тој рок од една година започнува да тече одкако клиентот ќе биде известен за оштетата собрана за него (и оштетениот(те)), преку електронската пошта на клиентот, претходно доставена до FlightClaim.mk. По истекот на таа година, правото на клиентот и/или оштетениот(те) да претендират за таа сума истекува.
Член 7: Пристап до онлајн досие и процедури
Само клиентот има право на пристап до досието, кое што пак го означува следното:
– Достапност до податоците и документите, предходно доставени од клиентот и/или оштетениот(те);
– Достапност до кореспонденцијата помеѓу клиентот и FlightClaim.mk, како и до кореспонденцијата меѓу FlightClaim.mk и должникот, доколку таа се однесува за неговото/нејзиното барање.
По однос на судските процеси заведени од FlightClaim.mk, последниот има право да ги води во согласност со своите сопствени убедувања и идеи или да превземе дејство на спогоување. (Драфт верзија) молби и други документи не се доставуваат со оглед на евентуална доверлива (лична или бизнис) информација.
FlightClaim.mk има право да поднесе барање за извршување од страна на ополномоштен национален орган по добивање на извршно решение. Ако тоа барање биде отфрлено или ако соодветниот национален орган по прилагањето на извршното решение откаже да дејствува на било кој начин, FlightClaim.mk има право да започне (правен) процес согласно административното право, како и да го откаже соодтветното барање и да ја прекрати понатамошната обработка.
Ако FlightClaim.mk смета дека е неумесно да започне судски процес или да се продолжи таков поради нови откритија, информации или други околности, FlightClaim.mk ќе има право да го откаже или анулира побарувањето или да склучи вонсудска спогодба на сума пониска од износот на обесштетувањето побарано од клиентот и/или оштетениот(те), согласно Член 7 од Регулативата 261/2004. Одредбите на Членовите 5 и 6 од овие Правила и Услови продолжуваат да се применуваат потполно.
Член 8: Лични податоци
FlightClaim.mk ги обработува (личните) податоците кои што се доставуваат од клиентот, во рамки на исполнување на договореното. FlightClaim.mk ќе се придржува на одредбите за доверливост и/или во согласност со соодветното законодавство за заштита на податоци.
Без посебно одобрение, FlightClaim.mk ќе се воздржува од откривање на личните податоци на трети страни, освен ако и доколку тоа е неопходно за исполнување на договореното.
При барање од страна на клиентот и/или оштетениот(те), FlightClaim.mk ќе ги избрише личните податоци од својата база на податоци. Само клиентот може да корегира и промени податоци (онлајн) или да побара нивна корекција и промена (онлајн). Ако тоа биде побарано, FlightClaim.mk мора да достави детален преглед на податоците на клиентот и/или оштетениот(те) кои што се чуваат од FlightClaim.mk.
Член 9: Интелектуална сопственост
FlightClaim.mk ги задржува правата и овластувањата на кои има право во смисла на соодветното законодавство за авторското право и други закони и одредби за интелектуална сопственост. FlightClaim.mk има право да го користи знаењето добиено за време на исполнување на договореното и за други цели, ако и доколку тоа не побарува разоткривање на строго доверлива информација на клиентот пред трети страни.
Член 10: Одговорност и обесштетување
Ако FlightClaim.mk носи одговорност на каков и да е начин, таа одговорност ќе биде ограничена на тоа што е предвидено во овој член.
Ако и доколку FlightClaim.mk оправдано или неоправдано не успева во исполнувањето на (претпоставена) обврска, тој не може да биде одговорен за (било која) (ин)директна загуба што ја претрпел или ќе се претрпи од страна на клиентот, барателот(ите) и/или партијата/партиите на третото лице. Индиректна загуба се смета дека значи но не е ограничена на консеквентна загуба, нематеријална штета, директно губење на тргување и нарачки и профит.
Одговорноста на FlightClaim.mk може да покрие не повеќе од директната загуба и никогаш нема да ја надмине сумата (со вкклучен ДДВ) на која што клиентот и/или оштетениот(те) имаат право во согласност со Член 7 од Регулативата 261/2004, при запазување на Член 5 од овие Правила и Услови.
Условите утврдени во претходните ставови се во спротивност со било каква одговорност на FlightClaim.mk врз основа на задолжителни законски одредби.
FlightClaim.mk не може на никаков начин да сноси одговорност за недостаток на податоци или неточни податоци, кои што се доставени или кои што требало да се достават од клиентот (види Член 4 на овие Правила и Услови).
По испорака на набавениот производ(и), FlightClaim.mk веќе не е вклучен во, или одговорен за правилна употреба на истите, или нивна успешна примена на било кој начин.
Клиентот и/или барателот(и) ќе го обесштетат FlightClaim.mk против било кои спорови покренати од страна на трето лице/лица кои претрпеле штета или загуба поврзана со извршувањето на договорот.
Ако FlightClaim.mk се соочува со трето/и лице/лица, кои што сакаат да поднесат барање, клиентот и/или оштетениот(те) се должни да соработуваат со FlightClaim.mk како во, така и надвор од судот и треба веднаш да направат се што може да се очекува од нивна страна во тој случај. Во случај кога клиентот и/или оштетениот(те) ќе задоцнат со превземањето на адекватни мерки, FlightClaim.mk без дополнително размислување за неисполнетите должности, ќе има право да пристапи кон тие. Сите трошоци и загуби претрпени од FlightClaim.mk или посредник/посредници и трето/и лице/лица, поврзани со FlightClaim.mk како резултат на превземени дејствија, ќе бидат на сметка на клиентот и/или оштетениот(те).
Ненавременото исполнување на договорот од страна на FlightClaim.mk не дава на клиентот и/или на оштетениот(те) право на обесштетување или право за отфрлање на било кое задолжување од FlightClaim.mk.
FlightClaim.mk никогаш не може да биде земен за одговорен за било која административна грешка(и), направена од него, негов партнер(и) или трето/и лице/лица, ангажирани от нив. FlightClaim.mk го задржува правото да ја одстрани таа административна грешка(и).
Член 11: Виша сила
FlightClaim.mk не е должен да исполни обврска кон клиентот и/или оштетениот(те), ако е спречен во тоа како резултат на причина која што не се должи на вина на FlightClaim.mk, ниту ако FlightClaim.mk сноси одговорност за тоа по закон, правосуден акт или обшто прифатени стандарди.
Вишата сила вклучува како дополнување на тоа кое што е вклучено во законот и судската пракса, сите предвидени или непредвидени надворешни причини, врз кои што FlightClaim.mk нема влијание и како резултат на кое што FlightClaim.mk не е во состојба да ги исполни должностите спрема клиентите и/или оштетениот(те). FlightClaim.mk има право да се повика на виша сила ако околностите го спречуваат во извршувањето на обврските.
За време додека е активна вишата сила, FlightClaim.mk има право да ги прекине сите превземени обврски со договорот.
Доколку FlightClaim.mk, за време на периодот на започнување на вишата сила, во меѓувреме (делумно) си ги исполнил своите задолженија од договорот или ќе биде во состојба да го направи тоа и таа исполнета обврска од задолженијата или обврската која што предстои да биде исполнета има независна вредност, FlightClaim.mk ќе има право да фактурира одделно за обврската која што веќе била исполнета и/или која што ќе се исполни наскоро.
Член 12: Краен рок
Крајниот рок за сите побарувања помеѓу FlightClaim.mk и трета страна/страни, ангажирани од FlightClaim.mk при изполнување на даден договор е една година, како што е посочено во Член 6, параграф 10 од овие Правила и Услови.
Член 13: Применливи закони/спорови
Сите договори склучени со FlightClaim.mk, ќе се регулираат согласно холандското законодавство.
Сите спорови со FlightClaim.mk ќе се решаваат пред компетентен суд.