Заштита на лични податоци - FlightClaimEU.com
17671
page-template,page-template-full_width,page-template-full_width-php,page,page-id-17671,ajax_fade,page_not_loaded,,qode-title-hidden,qode-child-theme-ver-1.0.0,qode-theme-ver-10.1.1,wpb-js-composer js-comp-ver-5.6,vc_responsive
За време на Вашата посета на нашиот вебсајт, FlightClaim може да собира лични податоци за Вас директно (кога од Вас се бара да доставите податоци) или индиректно. FlightClaim ќе ги користи Вашите лични податоци само во согласност со целите определени во оваа Декларација за доверливост и се обврзува да ги заштитува и чува внимателно добиените лични податоци. FlightClaim ги собира само личните податоци кои што се неопходни за да Ви помогнеме, кои се потребни за целите на собирање на веб статистики, како и за да ги исполни соодветните свои задолженија.

Користење на колачиња (Cookies)

FlightClaim.mk може да собира и анализира информации поврзани со користењето на нивниот вебсајт, вклучително и името на домејнот, бројот на посетители, посетени страници, претходни/наредни посетени сајтови и должината на корисничката сесија. Таа информација може да биде собрана со користење на колачиња (Cookies). Колачето е мал текстуален фајл, поставен на вашиот тврд диск од серверот на нашата вебстраница. Можете да изберете дали да користите колачиња со промена на подесувањата на Вашиот веб пребарувач. Колачињата ќе го направат користењето на сајтот побрзо и полесно.
За време на користењето на нашиот вебсајт, FlightClaim може да собира и анализира, вклучувајќи го името на домејнот, информација за однесувањето на корисниците, како на пример бројот на посети, посетени страници, претходни или наредно посетени вебсајтови, како и времето поминато на сајтот на FlightClaim.mk. FlightClaim.mk не собира лични податоци (како на пример Вашето име, електронска пошта и т.н.), освен ако Вие не решите да ја специфицирате оваа информација, додека го користите вебсајтот на FlightClaim.mk.

Контакт и комуникација

Регистрарските форми на FlightClaim барат корисниците да ни достават информација, како на пример име, електронска пошта и телефонски број. Во случај да решите да ги користите услугите на FlightClaim, FlightClaim ќе побара доставување на тие информации. FlightClaim ќе ги превземе неопходните технички и организациски мерки, за да ги заштити Вашите лични податоци од загуба и од секоја форма на незаконска обработка.

Правила и услови

Со прифаќањето на нашите Правила и Услови како и соодветните наши политики, Вие се согласувате ние да контактираме со Вас по електронска пошта преку билтени и новости за други соодветни продукти, кои што од време на време може да Ви ги предложиме. Можете во секое време да побарате да се прекине комуникацијата со Вас на тој начин.

Надворешни линкови

Овој вебсајт содржи линкови кон други сајтови, кои што не се дел од FlightClaim. FlightClaim не можат да бидат сметани за одговорни за практиките на доверливост на тие вебсајтови и начинот на кој што истите ги користат личните податоци.
FlightClaim ќе ги избрише личните податоци, ако корисникот на сајтот го побара тоа. Тоа ќе се случи ако корисникот ги исполнил своите (финансиски) задолженија. Корисникот може да побара промена или приспособување на личните податоци преку онлајн корекција, по телефон, по факс, преку електронска пошта или преку писмено барање.
FlightClaim го задржува правото да промени текст од оваа Декларација за доверливост во секое време. Ве молиме проверувајте ја периодично Декларацијата за доверливост.